Спорт

Македонскиот скијач Петков го заврши олимпиското деби на 55 место

Успешно ја заврши својата олимписка мисија и најави светла иднина

Македонскиот алпски скијач, Виктор Петков, го заврши своето прво учество на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, освојувајќи 55 место во велеслалом на една од најпредизвикувачките патеки во светот, „Стелвио“ во Бормио.

По првото возење, Петков го делеше 57 место со време од 1:27:36 минути, но со смирено и тактички зрело второ возење, успеа да го подобри својот пласман и да се искачи на конечната 55-та позиција.

– Со ова успешно ја заврши својата олимписка мисија и најави светла иднина како еден од носителите на македонското алпско скијање – велат од Македонскиот олимписки комитет (МОК).избор

Трката беше одбележана со исклучително високо темпо и историски резултати, а по првата трка водеше извонредниот Лукас Пињеиро Братен од Бразил, кој подоцна стана сензационален олимписки шампион.

МОК истакнува дека настапот на Петков е значаен за македонското алпско скијање и дека неговиот пласман на толку високо ниво во светска конкуренција е мотив за младите спортисти и за идните олимписки натпреварувања.

Македонските настапи на Зимските олимписки игри продолжуваат со Јана Атанасовска, која ќе се натпреварува во велеслалом и слалом на 15 и 18 февруари.

Најнови вести од: Спорт

Александар Трајковски емотивно се повлече од македонската фудбалска репрезентација

Во својата објава, искусниот фудбалер истакна дека носењето на државниот дрес за него отсекогаш било многу повеќе од обврска – претставувало чест, гордост и огромна одговорност.

Македонските ракометари во група со Шведска, Грција, Луксембург во квалификациите за ЕП 2028

Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2028 на извлекувањето што вечерва се одржа во Лисабон

To top