Предводенa од знаменосците, таеквондистот Дејан Георгиевски и ракометарката Леона Миленкоска, досега најбројната делегација од Македонија, составена од 130 члена, меѓу кои 90 спортисти, вечерва продефилира на свеченото отворање на јубилејните 20. Медитерански игри во Таранто.
Во своето четврто учество Македонија ќе биде претставена во 20 од вкупно 33 спортови, од кои 16 индивидуални (атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, пливање, таеквондо, тенис, триатлон и борење слободен стил) и четири екипни (женските репрезентации во ракомет и во одбојка, машката во баскет 3х3 и фудбалската до 21 година).
Од Игрите во Мерсин, Тарагона и Оран македонските репрезентативци донесоа вкупно 14 медали.
