Спорт

Миовски го „реши“ Сент Мирен со својот првенец сезонава за Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 78. минута и во судиското продолжение го постигна единствениот гол

Бојан Миовски дочека од скромната минутажа во дресот на Глазгов Ренџерс сезонава да стигне до својот прв (првенствен) гол, и тоа за победа од 1:0 против Сент Мирен на домашен терен во третото коло од фудбалскиот Премиершип на Шкотска.

Напаѓачот на „полицајците“ и на репрезентацијата на Македонија влезе во игра во 78. минута, а во првата минута од судиското надополнување на времето го постигна единствениот погодок на стадионот „Иброкс“ во Глазгов.

Буквално до завршувањето на преодниот рок неодамна 27-годишниот стрелец на седум првенствени голови за Ренџерси во минатата сезона, вкупно 13 во сите клупски натпреварувања, беше поврзуван со заминување од шкотскиот гигант, но остана за да им ги затне устите на критизерите.

Лобот на Миовски за три бода на линкот.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top