Спорт

Миовски погоди од пенал, но Ренџерси останаа без Конференциската лига (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец реализира во пенал-серијата, но Јаблонец на крајот беше поуспешен и оди во групната фаза

Бојан Миовски си го заврши својот дел од задачата, погодувајќи во пенал-рулетот против Јаблонец на реваншот во Чешка, но Глазгов Ренџерс нерма да игра во групната фаза поради промашувањата на соиграчите на македонскиот фудбалски репрезентативец во последните две серии.

Јаблонец го доби возвратниот натпревар пред своите гледачи со 1:0, колку што загуби пред една седмица во Шкотска, а Миовски влезе во игра дури на стартот од второто продолжение, а при изведувањето удари од белата точка го реализира вториот за својот тим, доведувајќи го во тој момент во водство од 3:2 (2:1 во пенал-серијата).

„Ренџерите“ водеа и со 4:3 (3:2 на пенали), по што Чесите не реализираа, но предноста отиде неврат со неуспешните обиди на Кертис и на Пенрајс.

Најинтересните моменти од мечот и реализацијата на Миовски од белата точка (5:43 мин. од почетокот на видеото):

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top