Спорт

Миовски со десетти гол сезонава за Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач погоди во триумфот од 8:0 над второлигашот Квинс Парк во осминафиналето од Купот на Шкотска

Бојан Миовски денеска го постигна својот јубилеен десетти гол сезонава во дресот на Глазгов Ренџерс, погодувајќи во убедливиот триумф од 8:0 над второлигашот Квинс Парк во осминафиналето од фудбалскиот Куп на Шкотска.

Напаѓачот на „полицајците“ и на репрезентацијата на Македонија со глава зголеми на 7:0 за домаќинот во 80. минута од мечот на стадионот „Иброкс“.

За 26-годишниот штипјанец ова е втор погодок во четири дена по тој во победата од 5:1 над Килмарнок во шкотскиот Премиершип, вкупно четврти во Купот по хет-трикот во триумфот од 5:0 над Анан во претходната рунда во средината на јануари.

Миовски влегува во гол-форма, што е добра вест за новиот македонски селектор Гоце Седлоски пред полуфиналето од мундијалскиот бараж со Данска на 26 март во Копенхаген.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top