Спорт

Миовски повторно стрелец против Килмарнок во шкотското првенство

Македонскиот репрезентативец придонесе за победата од 5:1 со својот деветти гол за „полицајците“ сезонава

Бојан Миовски беше стрелец во победата на Глазгов Ренџерс од 5:1 против Килмарнок во 25. коло од шкотскиот фудбалски Премиершип, кому му даде два гола и во првенствениот дуел во почетокот на декември.

Напаѓачот на „полицајците“ и на репрезентацијата на Македонија во 58. минута зголеми на 2:0 со својот деветти гол сезонава во сите клупски конкуренции, четврти во елитниот ранг во Шкотска.

Миовски беше стартер во домашниот тим на „Иброкс Парк“ и остана во игра до 76. минута.

Најнови вести од: Спорт

ПМФЛ: Вардар сè поблиску до титулата, Работнички и Пелистер ремизираа

Лидерот Вардар направи голем чекор кон освојување на титулата, откако попладнево го совлада Башкими со 2-0 во рамки на 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и ја зголеми предноста пред второпласираната Шкендија на шест бодови, додека во пресметката на директните конкуренти за опстанок Работнички и Пелистер одиграа нерешено 3-3

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top