Спорт

Нова победа на Лина Ѓорческа на ИТФ турнирот

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа одигра уште еден квалитетен натпревар на ИТФ турнирот во W50 Слобозија во Романија.

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа одигра уште еден квалитетен натпревар на ИТФ турнирот во W50 Слобозија во Романија.

Во второто коло тетовчанката на еден начин ја „збриша“ домашната тенисерка Бланка Барбулеску со 2-0 во сетови (6-2, 6-0).

По израмнетата игра на стартот од натпреварот, Ѓорческа првиот удар го зададе во шестиот гем, кога го направи првиот брејк, а потоа сервис на противничката одзеде и во осмиот за водство од 1-0 во сетови.

Во вториот се играше еднонасочно. Лина доминираше на теренот и без загубен гем се избори за четвртфинале во Романија.

Противничка на нашата тенисерка во битката за полуфинале ќе биде Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top