Спорт

Панатинаикос го промовира македонскиот фудбалски репрезентативец Растодер

Напаѓачот на Тун потпиша четиригодишен договор со некогашниот европски вицешампион со 20 титули првак на Грција

Дваесеткратниот фудбалски првак на Грција, Панатинаикос, вечерва го промовира на социјалните мрежи своето најново засилување, македонскиот репрезентативец Елмин Растодер, кој потпиша договор до 2030 година со европскиот вицешампион од 1971 година.

Растодер го сврте вниманието на повеќе големи клубови од Европа со настапите за швајцарски Тун во минатата сезона, во која постигна 15 гола и запиша 5 асистенции, со што беше еден од најзаслужните за шампионската титула.

За „црвено-жолтите“ 24-годишниот напаѓач роден во Швајцарија има одиграно девет натпревари и сè уште го очекува голот-првенец.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

To top