На острите критики за ремито 1:1 со ДР Конго на стартот фудбалерите на Португалија одговорија со победа од 5:0 над дебитантот Узбекистан во второто коло од групата К на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Уште поголеми беа критиките за „невидливиот“ Кристијано Роналдо против Африканците, на кои фудбалската легенда врати со два гола, со кои стана првиот играч што бил стрелец на шест светски првенства!
Поминаа 20 години и шест дена од неговиот мундијалски првенец против Иран на СП 2006 до првиот гол против составот на Фабио Канаваро уште во 6. минута, и тоа со волеј.
Во 39. минута Роналдо зголеми на 3:0 и со вкупно 15 погодоци се искачи на четвртото место на вечната листа на најдобри стрелци на планетарните шампионати. Пред него се само Аргентинецот Лионел Меси со 18, како и Германецот Мирослав Клосе и Французинот Килијан Мбапе, кои го делат второто место со по 16.
За петтата селекција на листата на ФИФА по еднаш погодија Нуњо Мендеш од слободен удар во 17. минута и Рафаел Леао три минути пред крајот, а во 60. минута Абдувахид Нематов си даде автогол.
Најважните моменти од мечот Португалија – Узбекистан на линкот.