Спорт

Штипскиот Совет одобри продажба на дел од акциите на Фудбалскиот клуб „Брегалница“

На денешната седница на Советот советниците од коалициите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ дадоа зелено светло

Советот на општина Штип денеска ја почна постапката за продажба на мнозинскиот дел од акции на Фудбалскиот клуб „Брегалница“-Штип, кои во моментов се во сопственост на Општината.

На денешната седница на Советот советниците од коалициите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ дадоа зелено светло, односно прифатија да почне постапката за продажба на акциите на ФК „Брегалница“.

Советниците од  СДСМ денеска на прес-конференција порачаа дека одлуката ја поддржуваат, но побараа постапката да биде транспарентна.  Од општинските служби на седницата на Советот на општина Штип појаснија дека интерес за акциите има пројавено германскиот државјанин Соломон Франк Петар.

Најнови вести од: Спорт

Најнови вести

To top