Спорт

Славеникот Серафимов со Левски на прагот на Лигата на шампионите

Македонскиот репрезентативец го прослави 27. роденден со победа со бугарскиот првак од 1:0 над Каират и во Казахстан

Никола Серафимов имаше двојна причина за славење денеска – на денот кога наполни 27 години со Левски славеа со 1:0 и во реваншот со Каират во Казахстан за пласман во финалето од квалификациите за фудбалската Лига на шампионите.

Дефанзивецот со 29 настапи и еден гол за македонската репрезентација ги одигра сите 90 минути во дресот на бугарскиот првак и две минути пред крајот доби жолт картон за остар старт.

Ова за Серафимов беше 26. настап за најтрофејниот фудбалски колектив во Бугарија, за кој има постигнато и два гола.

Грчки АЕК ќе биде последната пречка за Левски до групната фаза од ЛШ, а двомечот е закажан за 18 август во Софија и седум дена подоцна во Атина.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top