Спорт

Тагер подобра од Ѓорческа и во Куршумлиска Бања

Втората носителка од Македонија запрена по три сета и тај-брејк од освојувачката на јуниорскиот Ролан Гарос

Австријката Лили Тагер беше непремостлива пречка за Лина Ѓорческа и во четвртфиналето на третиот тениски турнир во Куршумлиска Бања, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 американски долари, откако го доби меѓусебниот дуел пред пет дена во финалето во Букурешт.

Освојувачката на годинашниот Ролан Гарос за јуниори и 275. на ВТА-листата во сингл славеше над втората носителка од Македонија (207.) со 6-3, 5-7, 7-6 (5) по 2:31 часа игра.

Најдобрата македонска тенисерка водеше со 4-3 во тај-брејкот, потоа израмни на 5-5 со брејк, но на крајот потклекна на сопствен сервис при првата меч-топка за противничката.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top