Спорт

Трето финале во низа за Ѓорческа, по трофејот и во Романија!

Третата носителка од Македонија во полуфиналето славеше во два сета над домашната тенисерка Попа

По двете финалиња во Куршумлиска Бања, Лина Ѓорческа ќе се бори за трофејот и на тенискиот турнир во романскиот град Слобозија, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 40 илјади американски долари.

Најдобрата македонска тенисерка, неделава 282. на ВТА-листата во сингл, ја оправда фаворитската улога против домашната натпреварувачка Марија Сара Попа (678.), совладувајќи ја со 6-1, 6-4 по 1:26 часа игра.

По поразите во финалните дуели во Србија, 31-годишната тетовка утре од 9 часот ќе бара „трета – среќа“ против Елена Руксандра Бертеа (489.) од Романија.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top