Спорт

Три медала за Македонија на Медитеранските игри, сите во борење!

Со сребро се закитија Вејсели и Хајдари, Магомедов освои бронза, а утре за бронзен медал меѓу дамите ќе се бори и Консевич

Борачите во слободен стил ѝ ги донесоа првите медали на Македонија на јубилејните 20. Медитерански игри во Таранто, и тоа два сребрени и еден бронзен.

Со сребро се закитија Фати Вејсели и Реџеп Хајдари, а со бронза Ахмад Магомедов.

Вејсели загуби со 4:0 од Ислам Дудаев од Албанија во финалето во категоријата до 74 килограми, Хајдари беше поразен со 6:0 од Даурен Куруглиев од Грција во финалето до 97 кг, а Магомедов го декласира Италијанецот Габриеле Николини со 10:0 во борбата за бронзен медал во категоријата до 86 кг.

Во утрешниот последен ден од боречкиот турнир на Игрите во Италија за медал, бронзен, ќе се бори и Вероника Консевич во категоријата до 57 кг. Противничка ќе ѝ биде Милица Перовиќ од Србија, а борбата е закажана за 19:28 часот.

Со освоените три одличја, Македонија се најде меѓу 21 земја на листата на медали, на која моментно е на 16. место, а според вкупниот број е 14.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top