Спорт

Вардар есенски шампион по победата во Ѓорче Петров

Омерагиќ со два гола за четири минути во второто полувреме им донесе на „црвено-црните“ пресврт и триумф од 2:1

Вардар ќе презими на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига благодарејќи на победата од 2:1 кај Македонија Ѓорче Петров во 16. коло за 42 бода, еден повеќе од Струга, која славеше со 1:0 против Тиквеш во Кавадарци.

Јунак на „црвено-црните“ е Азер Омерагиќ, кој со два гола за четири минути во второто полувреме донесе пресврт, погодувајќи во 63 и 67 минута, откако „лавовите“ ги донесе во водство Колумбиецот Хосе Ернандо Еступињан Риаскос во 54. минута.

Омерагиќ со 8 погодоци се искачи на делба на четвртото место на листата на стрелците.

Во првото пролетно коло на 15 февруари најтрофејниот македонски клуб го очекува градското дерби со Работнички.

 

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top