Свет

11 годишно дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела

Чудо во земјата погодена од силни земјотреси

Единаесетгодишно дете е извлечено живо од урнатините на Карабаледа, на северот од Венецуела, три дена по смртоносните земјотреси што го погодија регионот, објави привремената претседателка на земјата, Делси Родригез.

– Пред неколку минути, 11-годишно дете беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела, напиша Родригез на Икс, приложувајќи кон својата порака видео од спасувањето на детето.

Новороденче старо 18 дена и неговата мајка завчера вечер беа извлечени од урнатините.

– Сега главно ископуваме безживотни тела, но фала му на Бога понекогаш сè уште наоѓаме преживеани, изјави спасител во градот Плаја Гранде.

Според најновите податоци од властите, најмалку 1.430 луѓе загинаа во двата последователни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени што го погодија северниот дел од земјата на 24 јуни вечерта, а повеќе од 50.000 сè уште се водат како исчезнати. Земјотресот погоди седум милиони луѓе, според податоците на ОН.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top