Свет

Украдена восочна фигура на Макрон – поставена пред руска амбасада во Париз

Восочна фигура на францускиот претседател Емануел Макрон беше украдена од музејот на восочни фигури „Гревин“ во Париз од страна на активисти од еколошкото движење Гринпис, кои потоа ја поставија пред руската амбасада во француската престолнина, објави агенцијата Франс Прес. Две жени и еден маж учествуваа во акцијата. Тие упаднаа во зградата на музејот во центарот […]

Восочна фигура на францускиот претседател Емануел Макрон беше украдена од музејот на восочни фигури „Гревин“ во Париз од страна на активисти од еколошкото движење Гринпис, кои потоа ја поставија пред руската амбасада во француската престолнина, објави агенцијата Франс Прес.

Две жени и еден маж учествуваа во акцијата. Тие упаднаа во зградата на музејот во центарот на Париз. Таму, се маскираа за да изгледаат како работници за одржување на музејот и успеаја да ја извадат статуата на претседателот, вредна 40.000 евра, завиткана во ќебе, низ излезот за итни случаи.

Тие јавија дека ќе биде вратена неповредена.

Кратко потоа, восочната фигура на Макрон беше поставена од страна на активистите пред руската амбасада во Париз. Акцијата пред амбасадата траеше само неколку минути. Активистите, исто така, развиорија руско знаме зад статуата на Макрон, а еден од нив држеше светло жолт транспарент на кој пишуваше: „Бизнисот е бизнис“. Потоа активистите на Гринпис фрлија фалсификувани банкноти.

Тие велат дека акцијата имала за цел да ја разоткрие „двојната игра на Франција во однос на Украина“.

„Макрон ја поддржува Украина, но ги охрабрува француските компании да продолжат да тргуваат со Русија“, рече Жан-Франсоа Жулие, генерален директор на „Гринпис Франција“.

Невладината организација протестира против економските врски меѓу Франција и Русија во секторите за природен гас, ѓубрива и нуклеарна енергија.

„Нашата акција е насочена конкретно кон Макрон бидејќи тој е особено одговорен за оваа ситуација“, вели Жулие. „Макрон треба да биде во првите редови на дискусиите на европско ниво за суспендирање на трговските договори меѓу Русија и европските земји“, додава тој.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top