Свет

Трамп не му дава системи „Патриот“ за Зеленски

„Но, знаете, луѓето на кои им ја давате таа технологија би можеле еден ден да се свртат против вас… Затоа мора да бидеме многу внимателни“, вели Трамп

 

 

Откако претходно во јули, на маргините на самитот на НАТО во Анкара, американскиот претседател му рече на украинскиот колега дека САД ќе ѝ дадат лиценца за производство на системите „Патриот“, Трамп се премисли и изрази скептицизам.

Се чини дека американскиот претседател повторно се предомислил велејќи им на новинарите во петокот дека „не се согласивме со тоа“.

„Разговараме за тоа, но тешко е да се обезбеди таков вид технологија. И не мислам дека некогаш ќе се случи“, рече Трамп како одговор на прашање од новинар.

„Но, знаете, луѓето на кои им ја давате таа технологија би можеле еден ден да се свртат против вас… Затоа мора да бидеме многу внимателни“, додаде Трамп.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

To top