Свет

Антимигрантски протести во 80 градови во Полска

Доста со долгогодишната политика „пушти ги сите внатре, а кои се тие, ќе се утврди подоцна…“

Под слоганот „Стоп на имиграцијата“ антиимигрантски маршеви вчера беа одржани во повеќе од 80 полски градови.

Имаше и контрадемонстрации од левичарските кругови со што вкупно 100 јавни собири беа одржани низ целата земја, објавува „Еуроњуз“.

Антиимигрантски протести, организирани од крајно десничарската партија Конфедерација на слободата и независноста, се одржаа во Варшава, Краков, Познањ, Вроцлав и Бјалисток.

Демонстрантите бараа затворање на границите со Литванија, Украина, Белорусија и Словачка.

„Доста со долгогодишната политика „пушти ги сите внатре, а кои се тие ќе се утврди подоцна“, напиша Кшиштоф Босак, еден од лидерите на Конфедерациската партија, во X.

Полските жени и мажи имаат право да се грижат за нивото на безбедност во сопствената татковина“, додаде тој.

Во говорот на почетокот на маршот, Босак побара оставка од владата на Доналд Туск, затворање на границите и дозвола војниците да пукаат во луѓе што нелегално ја преминуваат границата.

„Без затворање на Полска за нелегална имиграција, без започнување операција за депортација, без откажување од политичка коректност, без опремување на Граничната стража и силите одговорни за контрола на легалноста на престојот и без контрола на пазарот на трудот, безбедноста постепено ќе се влошува“, рече тој, повикувајќи на промена на политиката.

Прашањето за миграцијата е спорно прашање во полската политика, особено затоа што земјата доживеа пораст на имиграцијата во последните години.

 

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top