Свет

Бела куќа: Врз основа на што Данска тврди дека има контрола врз Гренланд!?

Стивен Милер, советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, ги доведе во прашање правата на Данска врз Гренланд.

 

 

„Вистинското прашање е: Врз основа на што Данска тврди дека има контрола врз Гренланд? Која е основата за нивното територијално барање? Која е нивната основа за држење на Гренланд како колонија?“, праша Милер во интервју за CNN.

Еден ден претходно, сопругата на Милер, Кети, објави мапа на Гренланд обоена со американското знаме и натпис: „Наскоро“.

Ова предизвика реакција и од властите во Данска и од Гренланд, како и од европските политичари како што е францускиот претседател Макрон.

Нападот на САД врз сојузник на НАТО би значел крај и на воениот сојуз и на безбедноста по Втората светска војна, предупреди данската премиерка Мете Фредериксен. „Ако САД одлучат воено да нападнат друга земја од НАТО, тогаш сè ќе престане – тоа го вклучува и НАТО, а со тоа и безбедноста по Втората светска војна“, изјави таа за данската телевизија TV2.

„Никој нема воено да се бори против САД за иднината на Гренланд“, рече Милер денес. „Ние сме суперсила и под претседателот Трамп ќе се однесуваме како суперсила. Смешно е што дозволуваме земја во нашиот двор да стане снабдувач на ресурси за нашите противници, но не и за нас“, изјави Милер за CNN.

Трамп: На Америка ѝ треба Гренланд

Гренланд е дански со векови. Данците го основале главниот град Нук на почетокот на 18 век, а по Наполеоновите војни, колонијалниот статус на островот бил потврден со Килскиот договор.

Со промена на данскиот устав во 1953 година, Гренланд престанал да биде колонија и станал рамноправен округ во рамките на Кралството Данск, а Гренландците добиле данско државјанство.

Во 1979 година, Гренланд добил внатрешна самоуправа и свој парламент, потоа ја напуштил ЕЕЗ, а во 2009 година, по референдум, добил уште поголема автономија, вклучувајќи го и правото на своите природни ресурси и признавање на гренландскиот јазик како службен јазик.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top