Свет

Бил Гејтс ќе донира речиси милијарда долари за борба против 3 болести

Фондацијата Гејтс ќе донира 912 милиони долари на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија

Износот е еднаков на донацијата од 2022 година и е наменет да го компензира сериозниот пад на глобалното финансирање на здравството.

Гејтс предупреди дека светот е „на раскрсница“ и дека милиони деца ризикуваат да ги изгубат своите животи ако финансирањето продолжи да се намалува.

„Дете родено во северна Нигерија има 15% шанса да умре пред петгодишна возраст. Можете или да бидете дел од промената на тоа или можете да се однесувате како да не е важно“, рече тој.

Според Институтот за здравствени метрики и евалуација во Соединетите Американски Држави, глобалната развојна помош се намалила за 21% помеѓу 2024 и 2025 година, достигнувајќи го најниското ниво за 15 години.

Водечките влади, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, ги намалија своите придонеси, загрозувајќи го напредокот постигнат од 2000 година, кога смртноста кај децата беше преполовена – спасувајќи околу 5 милиони животи годишно.

Гејтс нагласи дека сè уште има простор за спречување на милиони смртни случаи и искоренување на некои од најсмртоносните детски болести.

Порано оваа година, Гејтс објави план да го подари речиси целото свое богатство од 200 милијарди долари до 2045 година…

„Она што се случува со здравјето на децата низ целиот свет е полошо отколку што повеќето луѓе сфаќаат, но нашите долгорочни перспективи се подобри отколку што повеќето луѓе можат да замислат“, рече Гејтс.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top