Свет

Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија се искачи на 39

Несреќата се случила околу 19:40 часот кога последните три вагони од воз кој превезувал 317 патници и излетале од шините ,преминале на соседната пруга, на кој која во тој момент се движел друг воз

 

Најмалку 39 лица загинаа, а 73 се повредени кога два брзи возови излетаа од шините во градот Адамуз во шпанската покраина Кордоба вчера вечерта. Претседателот на андалузиската влада, Хуанма Морено, изјави дека 24 лица се во сериозна состојба и не ја исклучи можноста бројот на жртви да се зголеми бидејќи еден од вагоните е „многу оштетен“. Во несреќата се повредени и четири малолетници, додека 170 лица со полесни повреди се згрижени во теренска болница, објавува шпанскиот rtve.es.

Несреќата се случила околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Ирјо, кој превезувал 317 патници на линијата Малага – Мадрид, излетале од шините на влезовите во Адамуз. Вагоните преминале на соседната пруга, која во тој момент ја користел возот Ренфе од Мадрид до Хуелва, што предизвикало тој да излета од шините.

Меѓу загинатите е и машиновозачот на возот Ренфе, потврдија извори од Министерството за транспорт. Дел од возот паднал по насип висок четири метри, а Морено потврди дека еден од вагоните се претворил во „куп железо“, за што ќе биде потребна тешка механизација.

Министерот за транспорт Оскар Пуенте ја нарече несреќата „чудна“ и избегна шпекулации за причините. Тој потврди дека несреќата се случила на прав дел од линијата што била реновирана во мај 2025 година. „700 милиони биле инвестирани во таа линија“ и дека таа „наводно била во совршена состојба“, рече тој.

Додаде дека возот Ирјо што излетал од шините бил „релативно нов“, стар само четири години.

 

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top