Свет

Бугарската ИТН бара смена на известувачот на ЕП за Македонија

Партијата на шоуменот Слави Трифонов, „Има таков народ“ (ИТН) е загрижена за тоа што се случува во Европскиот парламент во врска со напредокот на Република Македонија кон членство во Европската Унија, јавуваат бугарски медиуми. Известувачот Томас Вајц е од групата на Зелените и Европската слободна алијанса – партијата која, според ИТН, зазема антибугарска позиција. Во […]

Партијата на шоуменот Слави Трифонов, „Има таков народ“ (ИТН) е загрижена за тоа што се случува во Европскиот парламент во врска со напредокот на Република Македонија кон членство во Европската Унија, јавуваат бугарски медиуми.

Известувачот Томас Вајц е од групата на Зелените и Европската слободна алијанса – партијата која, според ИТН, зазема антибугарска позиција.

Во четвртокот, европратеникот од ИТН, Ивајло Валчев, испрати писмо до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, на оваа тема.

ИТН инсистира премиерот Росен Жељазков и министерот за надворешни работи Георг Георгиев да реагираат на спорната позиција.

Следната недела, партијата на Слави Трифонов ќе му предложи на парламентот став за членството на РСМ во ЕУ.

„Целта е да се спречи притисок зад сцената за непречен влез на земјата во ЕУ без исполнување на нејзините обврски кон Бугарите“, истакнува Балабанов.

ИТН ќе бара и разрешување на известувачот на ЕП, Томас Вајц.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top