Свет

Четворица потенцијални кандидати за наследник на Трамп

Републиканците Џеј Ди Венс и Марко Рубио, како и демократите Џон Ософ и Пит Бутиџеџ, сè уште официјално не најавија кандидатура

Според најновата анкета на „Ројтерс/Ипсос“  четворица потенцијални кандидати во трката за Белата куќа во 2028 година го привлекоа вниманието на американските гласачи со своите рани активности за позиционирање: републиканците Џеј Ди Венс и Марко Рубио, како и демократите Џон Ософ и Пит Бутиџеџ.

Ниту еден од четворицата сè уште официјално не започнал кампања, а до внатрепартиските избори за номинација во 2028 година има уште повеќе од една година, што остава доволно простор за појава на нови кандидати, како и за промена на ставовите на гласачите.

Околу 45 % од анкетираните републикански гласачи изјавиле дека сметаат оти државниот секретар Рубио би бил „одличен“ претседателски кандидат, додека 43 % го кажале истото за потпретседателот Венс.

Поранешниот секретар за транспорт, Бутиџеџ, и американскиот сенатор од Џорџија, Ософ, добиле таква оценка од 29 % од демократските гласачи.

Анкетата, во која учествуваа 1.705 возрасни лица од целата територија на САД – вклучувајќи околу 500 регистрирани гласачи од секоја партија – беше завршена во понеделникот и има маргина на грешка од 5 процентни поени за републиканските и демократските гласачи.

Републиканците се поделени околу тоа дали сакаат кандидат кој ќе се дистанцира од Трамп или таков што ќе го следи неговиот правец.

Демократите, охрабрени од убедливата победа над републиканците на конгресните избори одржани на 3 ноември, дебатираат колку агресивно треба да го напаѓаат претседателот – вклучително и дали да покренат постапка за негово отповикување.

Трамп во неделата, тизјави дека „не мора нужно“ да даде поддршка за ниту еден од кандидатите на републиканските внатрепартиски избори, односно за Венс или за Рубио.

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top