Свет

Дали „виси“ средбата Трамп-Путин

Иако најавена, одложена средбата Рубио-Лавров околу деталите на состанокот Трамп-Путин

Надежите на американскиот претседател Доналд Трамп за брз самит во Будимпешта со рускиот лидер Владимир Путин би можеле да пропаднат откако подготвителниот состанок меѓу Марко Рубио и сергеј Лавров беше одложен, објави Си-Ен-Ен.

Трамп постојано повторува дека сака мир во Украина, иако исто така рече дека смета дека тоа е потешко од постигнување прекин на огнот во Газа или прекин на краткиот конфликт меѓу Индија и Пакистан.

По разговорот со Путин минатата недела, тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се сретнат.

Но, функционер на Белата куќа, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека очекуваниот состанок засега е одложен.

Изворот рече дека Рубио и Лавров имаат различни очекувања за тоа како би можела да заврши војната.

Си-Ен-Ен забележува дека не е јасно какво влијание ќе има одложувањето на состанокот Рубио-Лавров врз планираниот самит Трамп-Путин во Будимпешта.

Очекуваната средба меѓу Рубио и Лавров се сметаше за клучен подготвителен чекор за вториот самит меѓу Трамп и Путин оваа година.

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

To top