Свет

Деветмина убиени, 13 повредени во масакрот во училиштето во Турција (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

На снимката се гледа паничното масовно бегство од училиштето, но и скокање од прозорци, а се слушаат истрели и плач

Трагичниот биланс на (само)убиствениот поход на вооружениот осмоодделенец во основното училиште во Турција се искачи на девет убиени, од кои осум деца, и 13 повредени.

Четиринаесетгодишниот напаѓач користел оружје за кое се верува дека му припаѓало на неговиот татко, пензиоиран полицаец.

Нападот се случил во покраината Кахраманмарас, а мотивот засега не е познат. Напаѓачот е мртов, но засега не е јасно дали бил убиен од полицијата или се самоубил.

Ова е втор ваков инцидент во Турција за само два дена, по вчерашното пукање во училиште во Шанлиурфа во кое беа ранети 16 лица.

Властите отворија истрага, а министерот за внатрешни работи на Турција кој ги посети ранетите, вели дека не станува збор за терористички напад туку за изолиран инцидент.

Вознемирувачкото видео од масакрот:

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

To top