Свет

Доналд Трамп се закани со тужба кон Би-Би-Си, ќе бара отштета од милијарда долари

Скандалот во БИ-БИ-СИ добива нови размери. Американскиот претседател Трамп најави тужба против мрежата откако генералниот директор Тим Дејви и извршната директорка за вести Дебора Тернес, кои поднесоа оставки. Тие се соочија со лавина критики за документарецот „Панорама“. Утврдено е дека говорот на Трамп е монтиран, два дела од обраќањето се извадени од контекст и довело до насилен влез на демонстрантите во Капитол Хил во 2020.

Доналд Трамп се закани дека ќе го тужи Би-Би-Си и ќе бара отштета од милијарда долари поради тоа што негов говор бил монтиран во документарец прикажан на британската национална телевизија. Претседателот на Би-Би-Си, Самир Шах, се извини за „грешка во проценката“, откако оставки поднесоа генералниот директор Тим Дејви и извршната шефица на вестите Дебора Тарнес.

Шефот на Белата куќа смета дека британската телевизиска мрежа е корумпирана, додека претседателот на управниот одбор на сервисот Самир Шах оцени-морало да се реагира порано.

Во изминатите денови „Дејли телеграф“ известуваше за интерен документ изработен од поранешен советник на Би-Би-Си, во кој биле наведени низа грешки во работењето на телевизијата, вклучително и начинот на кој бил монтиран говорот на Трамп од 6 јануари 2021. Документот сугерираше дека водечката програма „Панорама“ монтирала два дела од говорот на Трамп за да изгледа како тој да ги охрабрува немирите во американскиот Конгрес во јануари 2021.

Едночасовниот документарец „Трамп: Втора шанса?“ беше емитуван на Би-Би-Си пред претседателските избори во САД во 2024. Шах рече дека Би-Би-Си прифатил дека „начинот на кој бил монтиран говорот оставил впечаток на директен повик за насилна акција“.

  • „Бараме од Би-Би-Си да ги повлече лажните, клеветнички, омаловажувачки и провокативни изјави, да се извини и соодветно да го обесштети претседателот Трамп за предизвиканата штета или ќе се соочи со судска постапка за отштета од една милијарда долари“, рече адвокатот на Трамп, Алехандро Брито.

Трамп претходно ги поздрави оставките на двајцата раководители на Би-Би-Си и му се заблагодари на „Дејли телеграф“ за „разоткривањето на овие корумпирани новинари и нечесни луѓе“.

Трамп во документарецот беше прикажан како им вели на своите поддржувачи „ќе одиме пеш до Капитол“ и „пеколно ќе се бориме“, иако втората изјава ја кажа во друг контекст во друг дел од својот говор.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top