Свет

Дрон за малку не го убил Зеленски!

Беспилотното летало поминало близу до авионот со украинскиот претседател кога ја напуштал Молдавија на пат за Норвешка

Авионот што го превезуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски на погребот на норвешкиот крал Харалд Петти во Осло вчера за малку не бил погоден од беспилотно летало, објавија светските агенции, повикувајќи се на норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Ова се случило додека авионот ја напуштал Молдавија вчера, изјави норвешкиот премиер за норвешката телевизија НРК. Според Сторе, ова ја покажува реалноста со која се соочува украинскиот лидер.

Норвешкиот премиер не кажа кој е изворот на оваа информација, ниту колку блиску бил дронот до авионот на Зеленски.

Зеленски пристигна во Осло вчеравечер, каде што разговараше со премиерот, како и со министерот за финансии Јенс Столтенберг, кој е поранешен генерален секретар на НАТО, и со министерот за надворешни работи Еспен Барт Ејде за воената и цивилната помош што Норвешка ѝ ја обезбедува на неговата земја, вклучително и поддршка за воздушната одбрана.

Денеска украинскиот претседател им се придружи на многу други странски високи гости за да присуствува на погребот на кралот Харалд Петти, кој почина на 28 август на 89-годишна возраст.

Потоа Зеленски ја напушти Норвешка и замина за Канада, изјави Сторе за НРК.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

To top