Свет

Еди Рама пак клекна пред Џорџа Мелони (ВИДЕО)

„Тој го прави тоа за да биде помал од мене“, коментира италијанската премиерка

Албанскиот премиер повторно го привлече вниманието на медиумите со својот гест кон италијанската премиерка Џорџа Мелони за време на Конференцијата за реконструкција на Украина што се одржа вчера во Рим.

Додека се приближуваше до италијанската премиерка, Рама клекна и ѝ ги стегна рацете.

Потоа се ракуваше и ја бакна.

Тој клекна пред Мелони и кон средината на мај кога италијанската премиерка присуствуваше на самитот на Европската политичка заедница што се одржа во Тирана.

Ггестот на Рама ја насмеа Мелони. „Не, Еди“, му рече Мелони .

„Тој го прави тоа за да биде помал од мене“, додаде таа, по што следеше топла прегратка.

Рама клекна пред Мелони и во јануари оваа година, кога ѝ посака среќен роденден. Во таа пригода, ѝ подари шал и ја отпеа песната „tanti auguri“ (среќен роденден).

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

To top