Свет

Експлозија во православна црква во Дамаск, најмалку десетмина загинати

Најмалку десетмина загинаа, а 20 лица се повредени во експлозија во црквата „Мар Елија“ во сирискиот главен град Дамаск. Православната црква наводно била нападната од бомбаш-самоубиец за време на литургија. Графичките снимки што кружат на интернет покажуваат дека внатрешноста на црквата претрпела значителна штета, со осакатени тела и големи локви крв внатре. По експлозијата следеле […]

Најмалку десетмина загинаа, а 20 лица се повредени во експлозија во црквата „Мар Елија“ во сирискиот главен град Дамаск.

Православната црква наводно била нападната од бомбаш-самоубиец за време на литургија.

Графичките снимки што кружат на интернет покажуваат дека внатрешноста на црквата претрпела значителна штета, со осакатени тела и големи локви крв внатре.

По експлозијата следеле истрели, изјавиле очевидци за весникот на англиски јазик „Нешнал“ со седиште во ОАЕ. Потеклото на пукањето од оружјето не е јасно.

„Го возев мојот автомобил кога слушнав експлозија токму кога поминав покрај црквата. Луѓето почнаа да врескаат и слушнав истрели“, изјавил очевидец за весникот. „Автомобили и амбулантни возила почнаа да пристигнуваат. Видов многу повредени луѓе, а други можеби се убиени.“

Сириското Министерство за внатрешни работи го припиша нападот на терористичката група Исламска држава, наведувајќи дека напаѓачот отворил оган врз посетителите на црквата пред да детонира експлозивен појас, според новинската агенција САНА.

Свештеник во црквата даде поинакво сведоштво за настаните, наведувајќи дека имало двајца напаѓачи, кои отвориле оган надвор пред да влезат и да се разнесат. „Имаше околу 400 луѓе во црквата“ во моментот на нападот, изјави тој за „Нешнал“.

Најнови вести од: Свет

САД нападнаа остров преку кој Иран ја извезува речиси целата своја нафта

Уништувањето на Харк или оштетувањето на извозниот терминал „ризикува да предизвика долгорочен скок на цените на нафтата што нема брзо да се смири, и би значело отфрчање на секоја идеја дека војната се води за да се создаде подобра иднина за Иран

Трамп најави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови

To top