Свет

ЕУ удри по Русија за ноќешниот напад врз нејзината амбасада во Киев

Брисел најостро го осуди оштетувањето на дипломатското претставништво во главниот град на Украина

Во силен ноќен напад на Киев со беспилотни летала и балистички ракети беше погодена зградата на Делегацијата на Европската унија, потврди амбасадорката на ЕУ во Украина, Катарина Матернова.

Според неа, ударниот бран „сериозно ја оштетил“ зградата, додека бројот на човечки жртви расте од час во час – 19 мртви и најмалку 48 повредени.

Според украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, целта на нападот била да се погодат дипломати, што – како што изјави тој – е спротивно на меѓународните правила и Виенската конвенција. „Овој чин повикува на осуда не само на ЕУ, туку и на целиот свет“, изјави тој.

Шефицата на европската дипломатија Каја Калас оцени дека тоа е „намерен избор на ескалација и потсмев на мировните напори“.

Со тон што не остави простор за дипломатски нијанси, таа рече дека Европа се соочува со јасно отфрлање на дијалогот.

Реагираше и комесарката за проширување Марта Кос, која напиша на социјалните мрежи дека „остро ги осудува овие брутални напади“.

Таа нагласи дека „нашата целосна солидарност е со персоналот на ЕУ, нивните семејства и сите Украинци кои ги трпат последиците“.

 

 

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

To top