Свет

ЕУ веќе не сака мигранти!

Предвидено е министрите да усвојат регулатива за воспоставување центри за враќање на мигрантите во трети земји

Министрите за внатрешни работи на Европската унија денеска се состануваат во Луксембург за да разговараат за спроведувањето на Пактот за миграција и азил, враќањето на мигрантите во трети земји и состојбата во Шенген-зоната.

Министрите ќе разговараат за предлог за воспоставување рамка за итни интервенции во случај на ненадеен, масовен прилив на мигранти, како што беше инцидентот што се случи летово во шпанската енклава Сеута.

Една од идеите што се разгледува е можноста за суспендирање на постапките за азил во случаи кога миграцијата се користи како оружје или вклучува масовни пристигнувања.

Предвидено е министрите да усвојат регулатива за воспоставување центри за враќање на мигрантите во трети земји.

„На Европа ѝ се потребни неопходните средства за заштита на своите граници во сите околности, особено во сценарија каде што масовните движења се оркестрирани и се користат против ЕУ“, изјави вчера комесарот за внатрешни работи Магнус Брунер.

Исто така, се очекува министрите да усвојат регулатива за воспоставување центри за враќање на мигрантите во трети земји.

Најнови вести од: Свет

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top