Свет

ФАО: Војната на Блискиот Исток ја поскапе храната

Глобалниот показател за трошоците на храната регистрираше раст трет последователен месец во април

 

 

Според последниот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), просечната вредност на индексот на цените на храната на ФАО во април изнесуваше 130,7 поени, што претставува раст од 1,6% споредено со ревидираната мартска вредност и 2% повеќе во однос на ланскиот април.

Показателот за цените на житарките од ФАО забележа пораст од 0,8% во април во споредба со претходниот месец.

Поскапувањето е дополнително стимулирано од предвидувањата за намалување на површините под пченица во 2026 година, бидејќи земјоделците се насочуваат кон посеви кои бараат помалку ѓубрива, поради актуелните високи цени на истите.

Цените на ѓубривата се покачија како резултат на зголемените трошоци за енергија и нарушувањата поврзани со затворањето на Ормускиот Теснец.

Индексот на цените на растителното масло од ФАО се зголеми за 5,9% од март, достигнувајќи го највисокото ниво од јули 2022 година. МИА

Најнови вести од: Свет

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

Најнови вести

To top