Свет

Фицо: Запад ја искористи Украина

Украинското раководство, исто така, сноси одговорност за поддршката на западниот план да ѝ наштети на Москва, за што Украина ќе плати скапо

Group photo in the presence of Boris Susko, Maroš Šefcovic

Тоа беше неуспешен обид да се ослаби Русија, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо во видео порака објавена на Фејсбук за време на викендот.

Според него, украинското раководство, исто така, сноси одговорност за поддршката на западниот план да ѝ наштети на Москва со учество во воените напори.

„Запад ја искористи Украина во обид да ја ослаби Русија, што не успеа – и за што, се чини, Украина ќе плати скапо“, рече Фицо.

„Секој веќе знае дека овој (украински, ур. а.) конфликт има длабоки корени во поновата историја, дека нема воено решение… и дека членството на Украина во НАТО е невозможно“, додаде тој.

Москва го прикажува конфликтот во Украина како прокси војна за НАТО и долго време ја осудува западната воена помош за Киев, тврдејќи дека проширувањето на воениот блок предводен од САД кон исток, како и амбициите на Украина да му се придружи, се еден од клучните двигатели на непријателствата.

Словачкиот премиер постојано го критикуваше пристапот на Западот, предупредувајќи дека тоа ја загрозува глобалната безбедност.

Најнови вести од: Свет

Петмина загинати во пукање во градот Штаде, во северниот дел на Германија

Пет лица загинаа денес при пукање во германскиот град Штаде во Долна Саксонија, соопшти полицијата. – Полицијата потврди дека се приведени двајца осомничени сторители, меѓу кои и наводниот напаѓач

Ватикан ја критикува ЕУ дека ги мери војните со двоен аршин

Европската унија наметнува економски санкции на една земја и испраќа финансиска помош и оружје на друга, но не постапува на ист начин при други, уште потешки воени инвазии со уште посурови последици за цели народи

To top