Свет

(Фото): Оскари 2026: „Една битка по друга“ – најдобар филм

„Една битка по друга“ (One Battle After Another), револуционерна сага на Пол Томас Андерсон со шест награди Оскар, меѓу кои за најдобар филм и за најдобар режисер триумфираше на 98. свечено доделувањето на најпрестижните филмски награди што се одржаа синоќа во Долби театарот во Лос Анџелес, САД. Политичкиот трилер/акција, следи група поранешни револуционери кои се обединуваат да ја спасат ќерката на еден од своите, кога по 16 години ќе се појави заедничкиот непријател.

Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) ја освои наградата за најдобар филм на доделувањето на Оскарите, носејќи му ја долгоочекуваната победа на еден од најпознатите режисери на денешницата, Пол Томас Андерсон. Филмот на „Ворнер Брос“ (Warner Bros. Discovery Inc.), за паднат револуционер што се обидува да ја спаси својата ќерка од поранешен непријател, беше фаворит меѓу прогнозерите и обложувачниците во пресрет на неделната церемонија.

Најнови вести од: Свет

Анри Каган и Кенсо Соаи добија „Нобел“ за хемија

 Овогодишните добитници на Нобеловата награда за хемија за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза се научниците Анри Каган и Кенсо Соаи. Тие ја добија Нобеловата награда за хемија  за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза. Првата Нобелова награда што ја доделува шведскта акадмија на науките му била […]

To top