Свет

Германија и Франција заедно ќе развиваат нова генерација на тенкови

Франција и Германија денес издадоа заедничка декларација во која ги објавија плановите за зајакнување на соработката во областа на безбедноста, вклучително и предлог за воспоставување механизам за рано предупредување при ракетни напади.

EPA/CLEMENS BILAN

Франција и Германија денес издадоа заедничка декларација во која ги објавија плановите за зајакнување на соработката во областа на безбедноста, вклучително и предлог за воспоставување механизам за рано предупредување при ракетни напади.

Декларацијата беше усвоена за време на заеднички состанок на владите на двете земји во Тулон, Јужна Франција. Во неа се нагласува дека француско-германската иницијатива, отворена и за други партнери, ќе биде формализирана преку писмо за намери.

Документот, исто така, ја истакнува посветеноста на двете земји за напредок на проектот за Главниот копнен борбен систем (MGCS), кој се однесува на развој на нова генерација тенкови.

Најнови вести од: Свет

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот

По острите закани што ги упати вчера и денеска до Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран утре – денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Најнови вести

To top