Македонија

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип син нападнал татко

Три жени биле нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, а во Штип син го нападнал татка си, соопшти Министертството за внатрешни работи

Три жени биле нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, а во Штип син го нападнал татка си, соопшти Министертството за внатрешни работи.

Утрово во 6:30 часот во СВР Скопје 50-годишна жена од Скопско пријавила дека околу 1 часот во домот била физички нападната од нејзиниот две години постар сопруг И.Б. Во 1 часот  часот во СВР Скопје, пак, 48-годишна жена од Скопско пријавила дека вчера нејзиниот сопруг Г.П.(52) и се заканувал.

МВР информира дека вчера  во 2:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(26) поради тоа што околу 1:30 часот физички ја нападнал неговата 25-годишна партнерка.

Во Штип, пак, вчера во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ѓ.Б.(35) од Штип, по претходна пријава дека околу 14:30 часот во двор од семејна куќа физички го нападнал неговиот 64-годишен татко и му нанел тешки телесни повреди.

МВР соопшти дека работи на расчистување на случаите и дека по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top