Свет

ГОРИ АРАПСКАТА НАФТА: Иран со дронови ја нападна една од најголемите рафинерии во светот, запрено е производството (ВИДЕО)

Saudi Aramco сè уште не издал официјален коментар, но саудиските власти велат дека снабдувањето со нафтени производи за домашниот пазар не е загрозено.

Државната нафтена компанија Saudi Aramco привремено ги запре сите операции во својата огромна рафиналерија Рас Танура (капацитет од 550.000 барели на ден), една од најголемите во светот, откако денеска утрина беше погодена од ирански дронови.

Според извори од индустријата и потврда од саудиското Министерство за одбрана, два ирански дрона беа пресретнати и уништени над објектот, но остатоците предизвикаа мал пожар кој брзо беше ставен под контрола. Нема пријавено жртви, а ситуацијата е под контрола.

Рафиналеријата беше затворена како превентивна мерка за безбедносни проверки и проценка на штетата. Ова го прекинува и товарењето на сурова нафта на терминалот Рас Танура, кој е клучен за извозот на саудиска нафта кон Азија, Европа и САД.

Инцидентот доаѓа во контекст на ескалација на конфликтот Иран-Израел/САД, а предизвика дополнителна загриженост за безбедноста на енергетската инфраструктура во Заливот и потенцијално зголемување на цените на нафтата на светските пазари.

Saudi Aramco сè уште не издал официјален коментар, но саудиските власти велат дека снабдувањето со нафтени производи за домашниот пазар не е загрозено. Сепак видеата од терен водат кон друга насока.

 

 

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top