Свет

Гради ли Израел конц-логор за Палестинците

Поранешен израелски премиер вели дека принудувањето на 600.000 луѓе во логор би било етничко чистење

 

„Хуманитарниот град“, предложен од израелскиот министер за одбрана Израел Кац, би бил концентрационен логор за Палестинците, вели поранешниот израелски премиер, Ехуд Олмерт, за британски „Гардијан“

Олмерт признава дека Израел веќе извршил воени злосторства во Газа и на Западниот Брег, но верува дека овој потег ќе означи ескалација.

Тоа ќе биде концентрационен логор. „Жал ми е“, рече Олмерт.

Министерот Кац претходно потврди дека откако ќе се најдат внатре, на Палестинците нема да им биде дозволено да заминат – освен во други земји.

Тој ѝ нареди на војската да започне со изготвување оперативни планови за изградба на „хуманитарен град“ врз урнатините на јужна Газа, првично сместувајќи 600.000 луѓе, а на крајот и целото палестинско население.

„Ако тие (Палестинците) треба да бидат депортирани во нов „хуманитарен град“, тогаш би можело да се каже дека тоа е дел од етничко чистење. Тоа би било неизбежното толкување на секој обид за создавање логор за стотици илјади луѓе“, предупреди Олмерт.

Проектот „хуманитарен град“ е поддржан од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Кога градат камп каде што планираат да „исчистат“ повеќе од половина од Газа, неизбежното сфаќање е дека Палестинците не се спасени, туку депортирани, протерани и отфрлени. Барем јас немам друго разбирање“, забележа Олмерт.

Израелската влада тврди дека планот е наменет за заштита на Палестинците.

Израелците кои го опишаа планираниот „хуманитарен град“ како концентрационен логор беа нападнати затоа што го споредија со нацистичка Германија. Јад Вашем, израелскиот меморијален центар на Холокаустот, обвини новинар за „сериозно и несоодветно искривување на значењето на Холокаустот“.

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top