Свет

Конференцијата за обнова на Газа ќе се одржи во Велика Британија

Велика Британија ќе биде домаќин на меѓународна конференција посветена на иднината на Појасот Газа

Велика Британија ќе биде домаќин на меѓународна конференција посветена на иднината на Појасот Газа, ќе објави премиерот Кир Стармер за време на посетата на Египет, каде што присуствува на потпишувањето на мировниот план, соопшти британската Влада.

Стармер ќе ја претстави водечката улога на Британија во следната фаза на мировниот план под покровителство на САД. Конференцијата, која ќе трае неколку дена, ќе биде насочена кон закрепнување и обнова на Газа, како и кон поддршка на реформите на Палестинската самоуправа за олеснување на процесот.

Меѓу учесниците се очекуваат Германија, Италија, Саудиска Арабија, Јордан, Палестинската самоуправа и претставници на меѓународни финансиски институции, како Европската банка за обнова и развој и Светската банка.

Датумот на конференцијата сè уште не е утврден.

Германија претходно најави дека со Египет ќе организира сличен собир. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул нагласи дека на конференцијата мора да присуствуваат Израел и САД, додавајќи дека Германија ќе обезбеди хуманитарна помош и ќе поддржи воспоставување административни структури во Газа.

Најнови вести од: Свет

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

Кремљ ја укинува забраната за ликвидација на Зеленски и военото раководство?

Претставници на безбедносните служби побарале дозвола за физичка елиминација на највисокото воено и политичко раководство на Украина, пишува „Московски комсомолец“, руски весник близок до властите

To top