Свет

Хегсет: Руски системи за воздушна одбрана не изгледаа многу ефикасни, нели? (ВИДЕО)

Оваа изјава доаѓа во контекст на зголемени тензии меѓу САД и Русија, која традиционално ја поддржуваше Венецуела со воена опрема и советници.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела, коментирајќи ја успешната операција за заробување на Николас Мадуро во Каракас на 3 јануари 2026 година.

Во говорот посветен на успехот на американските специјални сили, шефот на Пентагон ја истакна немоќта на руската воена технологија и професионализмот на американските војници, кои ја извршиле задачата без пречки.

„Пред три ноќи во центарот на Каракас, Венецуела, видовме речиси 200 од најдобрите американски војници како дејствуваат во центарот на Каракас. Тие руски системи за воздушна одбрана не изгледаа многу ефикасни, нели?“, рече Хегсет.

Операцијата на САД во Венецуела моментално е една од централните теми во меѓународните безбедносни кругови. Вашингтон ја користи како доказ за технолошката и оперативната супериорност на американските вооружени сили над руските одбранбени системи.

Оваа изјава доаѓа во контекст на зголемени тензии меѓу САД и Русија, која традиционално ја поддржуваше Венецуела со воена опрема и советници.

Најнови вести од: Свет

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

Кремљ ја укинува забраната за ликвидација на Зеленски и военото раководство?

Претставници на безбедносните служби побарале дозвола за физичка елиминација на највисокото воено и политичко раководство на Украина, пишува „Московски комсомолец“, руски весник близок до властите

To top