Свет

Иран: Ќе има цврст одговор ако Вашингтон фаќа израелска страна

Aко САД директно интервенираат во воената кампања на Израел, Иран ќе одговори силно, изјави денеска постојаниот претставник на Иран во Обединетите нации во Женева, Али Бахреини, цитиран од светските агенции. „Ние пренесовме јасна порака до американската страна: ако тие директно интервенираат, одговорот на Иран ќе биде сериозен и без двоумење“, изјави Бахреини пред новинарите во […]

Aко САД директно интервенираат во воената кампања на Израел, Иран ќе одговори силно, изјави денеска постојаниот претставник на Иран во Обединетите нации во Женева, Али Бахреини, цитиран од светските агенции.

„Ние пренесовме јасна порака до американската страна: ако тие директно интервенираат, одговорот на Иран ќе биде сериозен и без двоумење“, изјави Бахреини пред новинарите во Женева.

Тој ги опиша САД како „соучесник во постапките на Израел“ бидејќи Вашингтон обезбедува логистичка и воена поддршка на Тел Авив, вклучително и со пресретнување на ирански ракети насочени кон израелска територија.

Бахреини увери дека Иран нема да покаже „никакво двоумење“ во одбраната на својата територија и народ:

„Ние ќе ја браниме нашата безбедност и народ решително и без двоумење“, нагласи дипломатот.

Во базата Ендрус слетал ,,Ноќна Стража” леталото познато како ,,Авион на судниот ден”

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top