Свет

Иран „не го дава“ Ормускиот Теснец

  Ормус мора да остане под наша контрола, странските сили мора да си заминат

 

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан дополнително ја засили својата реторика против Вашингтон во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, обвинувајќи ги САД дека „ја заменуваат дипломатијата со закани, притисок и санкции“. Според Ал Џезира, Пезешкијан рекол дека Техеран повеќе не може да им верува на САД поради таквото однесување.

„Во двата наврати кога влеговме во дијалог со САД, паралелно се одвиваше воена агресија против Иран. Таквото однесување е како забодување нож во грб“, рекол иранскиот претседател.

Пезешкијан нагласил дека сериозни преговори можат да бидат можни само со крај на војната и цврсти гаранции дека непријателските потези против Иран нема да се повторат.

Тој, исто така, ги отфрли обвинувањата дека Иран презел воени дејствија против Обединетите Арапски Емирати.

Зборувајќи за Ормузскиот теснец, тој рекол дека Иран со децении бил гарант за безбедноста во стратешкиот воден пат, но дека американските акции, вклучително и поморската блокада, го дестабилизирале регионот. „Секое преговарање за целосно отворање на Ормутскиот теснец бара укинување на американската поморска блокада“, рече тој.

Според соопштението од кабинетот на иранскиот претседател, Макрон изразил поддршка за рамковниот договор за прекин на огнот за време на разговорот и признал дека американската поморска блокада и израелските напади врз Либан претставуваат негово кршење.

Францускиот претседател, исто така, наводно рекол дека Париз е подготвен да помогне во продолжувањето на преговорите и да учествува во процесот на постепено укинување на санкциите врз Иран.

Мосахен Резаи, поранешен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда и сега член на Советот за разумност на Иран, рекол дека Иран „нема да преговара со никого за нуклеарното прашање“ и дека контролата врз Ормутскиот теснец мора да остане во ирански раце. Неговите изјави ги објави иранската новинска агенција ИСНА, пишува Ал Џезира.

„Доколку контролата и управувањето со Ормускиот теснец падне од рацете на Иран, непријателот повторно ќе го користи како оружје против нашата земја и народ“, предупреди Резаи.

Тој нагласи дека пристапот на Иран кон безбедноста се базира на регионална самодоволност. „Нашиот модел е јасен: регионот мора да ја обезбеди својата безбедност. Странските сили – без разлика дали се американски или европски – мора да си заминат“, заклучи Резаи.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

Најнови вести

To top