Свет

Иран размислува за напади во Европа, се споменуваат две земји

Двајца инсајдери од иранскиот режим тврдат дека иранските вооружени сили веќе ја процениле можноста за напад на американски воени цели во земјите од Југоисточна Европа, како што е Бугарија и Кипар

 

Иран сериозно размислува за напади врз американски воени цели на европска територија во случај Доналд Трамп дополнително да го ескалира воениот конфликт, открија извори блиски до режимот во Техеран. Иранското раководство, всушност, бара начини да ги подигне влоговите во овој конфликт, пишува Фајненшл тајмс.

Двајца инсајдери од иранскиот режим потврдија за „Фајненшл тајмс“ дека иранските вооружени сили веќе ја процениле можноста за напад на американски воени цели во земјите од Југоисточна Европа, како што е Бугарија, која минатиот месец одобри употреба на својата воздухопловна база Безмер за американски авиони-танкер.

Еден од соговорниците додаде дека меѓу потенцијалните цели за одмазда е и Кипар, каде се наоѓа британската воена база, која уште во март беше цел на напад со беспилотни летала.

Освен цели на европскиот континент, извори наведуваат дека иранските сили развиле и планови за саботажа на подморнички оптички кабли во Ормутскиот Теснец во случај на ескалација.

Ваквите закани го одразуваат пркосното расположение во Техеран, каде што многумина во самиот режим повеќе не го сметаат продолжувањето на тоталната војна за избор, туку само прашање на моментот.

Минатиот месец, Револуционерната гарда и се закани на Велика Британија дека и дозволила на американската војска да ги користи нејзините бази, велејќи дека „секоја база од која ќе биде извршен напад на иранска територија ќе се смета за легитимна цел“.

Сепак, Сидарт Каушал од лондонскиот институт RUSI верува дека заканата од иранските ракети кон европските цели е „реална, но ограничена“, наведувајќи дека иранските балистички ракети со среден дострел, како оние од серијата Шахаб, тешко дека би направиле сериозна штета на подолги дострели.

Одмаздата на Иран ќе зависи од потезите на Вашингтон, нагласија извори од режимот за Фајненшл тајмс. Во една од нив се наведува дека Техеран подготвува план за проширување на конфликтот доколку Трамп ги исполни своите закани дека ќе ја уништи иранската инфраструктура, откако американскиот претседател најави дека за секој нападнат брод во теснецот ќе уништи ирански мост или електрана. „Ако САД отидат предалеку, Иран ќе се брани по секоја цена, ќе го напушти регионот и ќе ја погоди и Европа“, рече друг извор.

Техеран веќе покажа подготвеност да гаѓа далечни цели; откако САД и Израел започнаа војна во февруари, Вашингтон го обвини Иран дека истрелал проектили на американско-британската база Диего Гарсија во Индискиот Океан, оддалечена 4.000 километри, иако ниту еден не ја погодил целта.

Воените експерти забележуваат дека за да гаѓаат подалечни цели, Иран би морал да ги намали боевите глави на своите тешки ракети за да стигне до такво растојание, што штетата би ја направила минимална …

Најнови вести од: Свет

To top