Свет

Исланд пак сака во ЕУ

Поддршката на ЕУ за Гренланд за време на притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз територијата му ја покажала на Исланд вредноста на приклучувањето кон блокот

 

 

Референдумот доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да инсистира да ја преземе контролата врз огромната арктичка територија Грењнланд од Данска.

Исландската министерка за надворешни работи Торгердур, Катрин Гунарсдотир, изјави дека поддршката на ЕУ за Гренланд за време на притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз територијата му ја покажала на Исланд вредноста на приклучувањето кон блокот, објави Еуроњуз

„За нас беше важно да видиме колку цврсто Европската Унија интервенираше и ја искористи својата моќ, застанувајќи со Данска и Гренланд во тоа прашање“, изјави таа за новинарите.

Гунарсдотир рече дека Исланд, членка на НАТО, која нема постојана армија, го гледа пристапувањето кон Европската Унија како начин за зајакнување на својата безбедност од потенцијални закани од Русија.

Исланд поднесе барање за членство во 2009 година, по меѓународната финансиска криза, која сериозно ја потресе економијата на островот. Сепак, во 2015 година, исландската влада одлучи да ја напушти преговарачката маса.

Исланд „нема што да изгуби“ со преговорите со Европската Унија за членство, изјави вчер францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, додека земјата се подготвува за референдум за повторно започнување на преговорите за приклучување кон блокот.

„ Исланд апсолутно нема што да изгуби со преговорите со Европската Унија“, рече Баро при посетата на Рејкјавик.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top