Свет

Израел со ракети нападна челници на Хамас во Катар

Нова ескалација на Блискиот Исток

Израелски извор изјави за Си-Ен-Ен дека Израел извршил напад врз раководството на Хамас во Доха откако експлозија го потресе главниот град на Катар.

Изворот не прецизираше кој бил цел, но лидерите на Хамас ја користат Доха како нивно седиште надвор од Газа со години.

Веднаш по експлозијата, Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа соопштение во кое се вели дека „високо рангирани лидери“ на Хамас биле цел на „прецизен удар“ во заедничка операција со безбедносната агенција Шин Бет.

Во соопштението не се прецизира каде е извршена операцијата, но се сугерира дека била надвор од Газа.

„Со години, овие членови на раководството на Хамас ги водат операциите на терористичката организација, се директно одговорни за бруталниот масакр од 7 октомври и ја оркестрираат и насочуваат војната против Државата Израел“, пишува во соопштението.

Во понеделникот, главниот преговарач на Хамас, Калил Ал-Хаја, се сретна во Доха со катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.

Се чини дека нападот е прв пат Израел да изврши операција на територијата на Катар.

Во меѓувреме, израелската војска потврди дека, во соработка со домашната безбедносна агенција Шин Бет, нејзините воздухопловни сили извршиле обид за атентат врз врвни лидери на Хамас во главниот град на Катар.

Нападот доаѓа неколку дена откако началникот на израелската армија, Ејал Замир, се закани дека ќе ги убие лидерите на Хамас кои живеат во странство, и само неколку часа откако министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, изјави дека Израел го прифатил предлогот на САД за прекин на огнот во Газа.

 

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top