Свет

Израел уби деца кои чекале во ред за вода (ВИДЕО)

Сведоци изјавија дека дрон испалил проектил кон група луѓе кои чекале со празни канистри на резервоар за вода во бегалскиот камп

Десет лица, меѓу кои шест деца, беа убиени во израелски воздушен напад во централниот дел на Појасот Газа додека чекале во ред за вода.

Сведоци изјавија дека дрон испалил проектил кон група луѓе кои чекале со празни канистри на резервоар за вода во бегалскиот камп Ал-Нусејрат.

Израелската војска соопшти дека имало „техничка грешка“ во нападот, чија цел бил „терорист“ од Исламски џихад, и дека проектилот паднал неколку десетици метри пред својата цел.

Инцидентот моментално е под истрага, додаде таа.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека се свесни за „тврдењата за жртви во областа“, додавајќи дека прават сè што можат за да „ги минимизираат цивилните жртви“ и жалат за сите цивилни жртви кои не се вклучени во конфликтот.

Хаос на местото на настанот

Непотврдени снимки од крвави деца и безживотни тела се појавија на социјалните мрежи по нападот.

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top