Свет

Израел започна копнена офанзива во Газа

Израел започна нова копнена офанзива во Газа.

https://x.com/Megatron_ron/status/1958215059118686623/photo/1

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека започнале почетни операции како дел од долгорочен план за копнена офанзива за заземање на градот Газа. Според официјални извори, израелската војска веќе воспоставила контрола над делови од предградијата, вклучително областите Зејтун и Џабалија.

Портпарол на ИДФ изјави дека овие акции се подготвителна фаза за целосно заземање на градот, план што го одобрил министерот за одбрана Израел Кац, а оваа недела треба да биде презентиран пред безбедносниот кабинет на Израел. За поддршка на операцијата, во септември беа мобилизирани околу 60.000 резервисти заедно со активните воени сили.

Од другата страна, Хамас го обвини Израел дека намерно го попречува постигнувањето на договор за прекин на огнот, со цел, како што тврдат, да продолжи со „немилосрдна војна против цивилите“. Тие истакнаа дека израелската влада го отфрлила последниот предлог на посредниците за ослободување на заложниците, обвинувајќи го премиерот Бенјамин Нетанјаху дека е „главната пречка за каков било договор“.

Палестинските медиуми известуваат дека жителите на Газа масовно ги напуштаат своите домови поради страв од голема офанзива. Се очекува стотици илјади луѓе да добијат наредба за евакуација кон јужниот дел на Појасот Газа, каде се подготвуваат привремени засолништа.

Планот на Израел наиде на критики и од неговите сојузници. Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека операцијата може да предизвика „катастрофални последици за двете страни и да ја вовлече регијата во нов бран на конфликти“.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст изрази загриженост дека ескалацијата на борбите и новите раселувања дополнително ќе ја влошат веќе тешката хуманитарна криза за 2,1 милиони жители на Појасот Газа.

Израел минатиот месец ја објави намерата да го стави целиот Појас Газа под своја контрола, откако пропаднаа индиректните преговори со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници.

Најнови вести од: Свет

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

Златото блеска: Цената расте, инвеститорите бараат сигурност

Цената на златото продолжува да расте и се движи кон најсилната недела од почетокот на годината, бидејќи инвеститорите повторно го гледаат благородниот метал како сигурно засолниште во услови на глобална економска неизвесност.

Трамп бара да нема веќе „државјанство по раѓање“ во САД

Меѓу 20.000-25.000 мајки практикуваат „туризам за породување“ во САД секоја година. гарантиран од 14-тиот амандман на Уставот усвоен во 1868 година и општо прифатеното толкување на неговиот текс којт гарантира државјанство на речиси секој роден во САД

Топлото време урива рекорди во Европа

Бруталната топлина и континуираните услови на суша се преоптоварени од климатската криза, а експертите предупредуваат дека тие вршат огромен притисок врз локалното население, критичната инфраструктура и дивиот свет низ целиот регион.

To top