Свет

Израелската армија почнува да ги раселува Палестинците од градот Газа

Жителите на Газа ќе добијат шатори и друга заштитна опрема пред нивното преместување од борбените зони во „безбедните“ зони на југот од енклавата, изјави портпарол на израелската армија

Одлуката доаѓа неколку дена откако Израел објави дека има намера да започне офанзива за преземање на контролата врз северниот град Газа, најголемиот урбан центар на енклавата во кој живеат приближно 2,2 милиони луѓе, во план што ја вознемири меѓународната заедница.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека цивилното население ќе биде евакуирано во она што тој го нарече „безбедносни зони“ подалеку од градот Газа, кој го нарече последно упориште на Хамас, пред да ја започне офанзивата.

Обединетите нации и другите меѓународни хуманитарни организации ќе ја достават заштитната опрема преку преминот Керем Шалом во јужна Газа откако ќе биде проверен од персоналот на израелското Министерство за одбрана, соопшти војската.

Армијата одби да коментира дали опремата е наменета за жителите на градот Газа, кои бројат околу еден милион, и дали местото каде што ќе бидат преместени е во јужна Газа Рафа, која се граничи со Египет.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во саботата дека плановите за нова офанзива сè уште се разработуваат.

Сепак, израелските сили веќе ги засилија операциите во предградијата на градот Газа во текот на изминатата недела.

Нетанјаху „ќе им дозволи“ на Палестинците да се иселат од Газа

Најнови вести од: Свет

САД нападнаа остров преку кој Иран ја извезува речиси целата своја нафта

Уништувањето на Харк или оштетувањето на извозниот терминал „ризикува да предизвика долгорочен скок на цените на нафтата што нема брзо да се смири, и би значело отфрчање на секоја идеја дека војната се води за да се создаде подобра иднина за Иран

Трамп најави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови

To top