Свет

Нетанјаху „ќе им дозволи“ на Палестинците да се иселат од Газа

Минатата повици беа отфрлени и од Палестинците и од меѓународната заедница.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги обнови повиците да им се „дозволи“ на Палестинците да го напуштат Појасот Газа, додека војската подготвува поширока офанзива на територијата, објави АФП.

Минатата повици за преместување на жителите на Газа од територијата разурната од војна, вклучително и од американскиот претседател Доналд Трамп, беа отфрлени и од Палестинците и од меѓународната заедница.

Нетанјаху ја бранеше својата воена политика во ретко интервју за израелските медиуми, емитувано кратко откако Египет соопшти дека медијаторите во Газа вршат обновен притисок за обезбедување 60-дневно примирје.

Премиерот изјави за израелската телевизија i24NEWS дека „ние не ги тераме, ние им дозволуваме да си заминат“.

„Дајте им можност да ги напуштат, пред сè, борбените зони и генерално да ја напуштат територијата ако сакаат“, рече тој, осврнувајќи се на приливот на бегалци од војните во Сирија, Украина и Авганистан.

Во Појасот Газа, Израел со години строго ги контролира своите граници и им забранува на многу луѓе да заминат.

Хуманитарната криза во Газа достигна „незамисливи нивоа“, изјавија Велика Британија, Канада, Австралија и неколку нивни европски сојузници во заедничка изјава, повикувајќи го Израел да дозволи неограничена помош во палестинската енклава разорена од војната.

„Гладот се одвива пред нашите очи. Сега е потребна итна акција за да се запре и да се сврти гладот“, изјавија министрите за надворешни работи на 24 земји во заедничка изјава.

„Ја повикуваме владата на Израел да дозволи сите пратки помош од меѓународни невладини организации и да ги деблокира активностите на клучните хуманитарни организации“, се вели во соопштението.
Израел го бомбардира градот Газа во услови на нови обиди за прекин на огнот

Декларацијата ја потпишаа министрите за надворешни работи на Австралија, Белгија, Канада, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грција, Исланд, Ирска, Јапонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Обединетото Кралство.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

To top